Браинобраин e програма за деца која со посебни методи и техники овозможува да се реализира целиот мозочен капацитет. Користејќи го абакусот (стара калкулирачка машина) со ВАК методите се обезбедува брзо и ефикасно учење зголемувајќи ја: концентрацијата, меморијата, визуализацијата ... НЛП (неуро лингвистичко програмирање) техниките ги потикнуваат и зајакнуваат личните квалитети како: самодоверба, самосвесност, насочено однесување, креативност...Физичките и забавните активности ги зајакнуваат мозочните функции: брзина, фокусираност, визуелни и слушачки способности...
Уникатноста на програмата е и во посебните услови во кои се изведува наставата а тоа е релаксирачка, забавна и креативна атмосфера каде позитивните емотивни односи се најважни.
Впечатоци од родители:
Концентрацијата е многу подобрена и многу побрзо учи.
Ј.Ш родител на дете од 15 години кое е 4 ниво во БОБКај моето дете ги забележав следниве подобрувања:
-Логички вештини
-Брзо меморирање/песни по македонски.запознавање на околина...
-Зголемување на довербата кон сопствените способности
-Натпреварувачки дух
-Желба за изучување на Англиски јазик
Д.Г родител на 9 год. дете кое е Лбоб3 ...повеќе
Информации:
- Браинобраин Македонија на 20.5.2012 го организира првиот Браинобраин натпревар. Право на учество, сите браинобраин ученици од Р.Македонија! Бидете дел од нашето семејство :)
- Браинобраин Македонија организира Летен Браинобраин Камп за сите Браинобраин ученици, од 7.7.2012 до 14.7.2012, локација Хотел Солферино-Струга. Сите заинтересирани можат да се обратат за подетални информации на [email protected]