Браинобраин Интернационал во соработка со Здружение на зелено општество - Greener одржаа еднодневни работилници со деца од 7-14 години по повод светскиот ден на водата 22.03.2013. Работилниците ги држеа практиканти од Greener во вид на квиз а нивните цели беа подигнување на свесноста кај децата за водата, колку е таа застапена на нашата планета, во нашето тело, како можеме да ја заштедиме и да ја искористиме веќе употребената вода.
Центрите на детската академија ‘Браинобраин’ - Интернационал, ‘Браинобраин’- Светилник и ‘Браинобраин’ -Јуниорс од Скопје заедно со Агенцијата за комуникација ‘Ксантика’ поттикнати од потребата да се подобри комуникацијата родител- дете, организира работилница на ден 13.3.2013, среда од 18:00-20:00 часот во хотел Порта, Аеродром.
Работилницата е наменета за родителите и за децата.
Водејќи се од верувањето дека ефективната комуникација е услов за успешен живот, за време на интерактивната работилница ќе бидат применети корисни, практични и моќни техники од најпозната техника за комуникација Невро-лингвистичко програмирање – НЛП. Целта на работилницата е да се подобрат најважните односи, родител-дете.
Работилницата за НЛП ќе ја води Марина Анчевска, генерален менаџер на Ксантика и тренер за личен и професионален развој. Повеќе информации за ‘Ксантика’ може да најдете на: www.ksantika.com. Работилницата за деца ќе ја водат тренерите од Браинобраин центрите под водство на Марија Милошеска,едукатор за Браинобраин програмата. www.brainobraineurope.com
Браинобраин е една од детските лидерски институции која веќе 10 години успешно ги трансформира животите на повеќе од 100.000 деца низ целиот свет. Има 600 успешни франшизни центри во повеќе од 15 држави во светот: Индија, Англија, Америка, Австралија, Македонија, Кувајт, Полска, Тајланд...
Повеќе..